(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Од:

Лондонската полиција уапси маж осомничен дека во раните утрински часови на Божиќ според Грегоријанскиот календар со автомобил влетал на тротоар во центарот на британската престолнина, поради обид за убиство. Скај њуз јавува дека четири лица се пренесени во болница по инцидентот во авенијата Шафтсбери, а една од жртвите е во животна опасност.

Се вели дека полицијата била повикана 45 минути по полноќ на судир во кој учествувал автомобил кој возел на погрешната страна од патот. Во полициското соопштение се наведува дека инцидентот е изолиран случај и нема врска со тероризам.

Полициски кордон беше поставен пред театарот „Сондхајм“ во таа авенија, која се наоѓа во срцето на лондонскиот Вест Енд.

Британската телевизија јавува дека на тротоарот се гледа крв, нечија јакна, пар чевли и капа.

Лондонската полиција верува дека осомничениот бил „вмешан во расправија во ноќен клуб пред да влезе во автомобил“.

Би можело да ве интересира

Четворица повредени откако „БМВ“ излета на автопатот Скопје-Тетово

Се прави план за долгорочно лекување во надворешни центри на повредените во дискотеката „Пулс“

Мртво бебе пронајдено во торба пред црква во Лондон

А1он

Скопјанец со возило удри двајца малолетници, повредените завршија во болница

Љатифи Азиз: состојбата на некои пациенти и понатаму е сериозна, четворица се во критична состојба

Во текот на ноќта се очекува повредени од дискотеката во Кочани да бидат упатени во европски болнички центри