ВИДЕО: Кремљ објави снимки од „зад сцената“ од средбата Трамп-Путин

Од:

Кремљ објави снимки од зад сцената од средбата на Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска, и јасно е дека рускиот претседател е задоволен од исходот од самитот.

За Путин, резултатот од средбата не беше во постигнатите договори – бидејќи немаше такви – туку во начинот на кој беше пречекан во САД. Топлиот прием на Трамп му даде можност да покаже дека повторно е почитуван на светската сцена, според Би-Би-Си.

Путин беше изолиран во последните години, при што многу западни лидери веќе дури и не разговараа со него, а патувањето во повеќето земји беше блокирано поради потерница издадена од Меѓународниот кривичен суд. Но, вчера тој беше пречекан на американска почва со црвен тепих, додека американски борци го придружуваа – не за да го спречат или уапсат, туку како почесна придружба.

Снимката го прикажува и американскиот државен секретар Марко Рубио, кој до неодамна имаше проукраински став, како се ракува со Путин по иницијатива на Трамп. На други снимки, Трамп и Путин разговараат лежерно и пријателски зад сцената на самитот.

Кремљ ја користи снимката за да го нагласи пресвртот во американскиот став кон Путин, што е особено важно за Москва бидејќи доаѓа од Вашингтон. И покрај сето ова, Путин не мораше да прави никакви отстапки или да престане да ја бомбардира Украина.

Би можело да ве интересира

Лондон подготвува санкции за израелските населби, Трамп не се спротивстави

Вајдел по разговорот Путин – Трамп: „Со нас сè ќе се промени“

Горан Наумовски

Палиса: Путин постави рок за освојување на Доњецк – руската војска бара одложување

Горан Наумовски

Путин возвраќа: Русија го затвора германскиот конзулат и „Гете-институтот“

A1on

Поранешен шеф на МИ6: „Траен мир во Украина е невозможен додека Путин е на власт“

Путин, Трамп и Си на иста маса – Москва не ја исклучува можноста