ВИДЕО: Корона забава на плажа во Барселона, интервенираше полицијата

Од:

Неколку десетина луѓе организираа забава на популарна плажа близу центарот на Барселона, а некои не носеа маски, ниту држеа дистанца и покрај антипандемиските мерки, соопшти денеска полицијата.

Забавата се одржа вчера на плажата Барселонета, а полицијата соопшти дека ги известила насобраните дека ги кршат здравствените прописи, пренесува Ројтерс.

Собири на повеќе од шест лица на јавни места се забранети во шпанскиот североисточен регион Каталонија, а оние кои не ги почитуваат мерките може да се соочат со парични казни од 300 до 600 евра, наведе полицијата.

Би можело да ве интересира

Се повлекуваат банкноти од 50 евра

Седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се транспортирани за Шпанија

Седум лица повредени во пожарот во Кочани се транспортираат во Шпанија

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја