Авион на „Корејски ер“ ја промаши пистата при слетување на лоши временски услови во централниот дел на Филипините, но меѓу 173-те патници нема повредени, соопштија властите.
Инцидентот се случил на островот Мактан во централната провинција Себу доцна во неделата.
11-те членови на екипажот и 162 патници на летот KE631 на Korean Air користеа итни лизгалки за да избегаат од оштетениот авион, соопштија официјални лица и авиокомпанијата.
„Сите патници се безбедни и под надзор на персоналот“, соопшти филипинската управа за цивилно воздухопловство.
Авионот се заглави во тревата на крајот од пистата на меѓународниот аеродром Мактан Себу, поради што аеродромот мораше да се затвори.
Откажани се десетици летови до и од провинцијата Себу, вклучително и оние на главниот авиопревозник Philippine Airlines, кој првично објави повеќе од 50 откажани домашни летови.
Ербасот А330 од Инчеон, Јужна Кореја, се обидел да слета двапати пред да се слјучи инцидентот при третиот обид, се вели во соопштението на Korean Air Lines Co.
„Патниците се придружувани до три локални хотели и се организира алтернативен лет“, соопшти авиокомпанијата за летот KE361. „Во моментов ја утврдуваме причината за инцидентот“, се вели во соопштението.
Претседателот на корејската авиокомпанија, Ву Ки Хонг, објави писмо со извинување во врска со летот на веб-страницата на авиокомпанијата, истакнувајќи дека ќе се спроведе темелна истрага со локалните воздухопловни власти и корејските власти за да се утврди причината.