(ВИДЕО) Конашенков: При нападот врз Киев уништени тенкови Т-72 и други оклопни возила

Од:

Портпаролот на руската армија, генерал Игор Конашенков изјави дека при денешниот напад врз Киев уништени се тенкови Т-72 и други оклопни возила испорачани од земји-членки на Европска Унија.

– Ракетите со голем дострел истрелани од руската авијација уништија хангари на периферијата на Киев, во кои имаше тенкови Т-72 и други оклопни возила доставени од источноевропските земји, изјави Конашенков.

Такво оружје на Украина и беше ветено од Полска, од Словачка и од Чешка.

Претходно, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм објави дека утрово во киевските квартови Дарницки и Днипровски се регистрирани повеќе експлозии, а едно лице е повредено.

Додека украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили истрелале неколку крстосувачки ракети во правец на Киев од руски авиони Ту-95, што се распоредени во Каспиското Море. Една од ракетите биле уништена од укранската противвоздушна одбрана.

Би можело да ве интересира

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски