ВИДЕО: Колони автомобили се евакуираат од Донбас

Од:

Колони автомобили со белгалци до недоглед се движат од Донбас кон Русија.

Претходно денеска, рускиот претседател Владимир Путин нареди да се организиран сместување и парична помош за бегалците од Донбас. Гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев, се обрати на Путин, да пружи итна помош на областа, во врска со неочекувано големиот прилив на бегалци од Донбас.

„Путин разговараше телефонски со вршителот на должност министер за вонредни ситуации Александар Чупријан и му наложи итно да отпатува во Ростовската област, за на лице место да организира услови за сместување, и да обезбеди топли оброци и се што е неопходно, вклучително и медициска помош“, рече портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

Путин исто така наложил Владата на Русија итно да обезбеди исплата на 10.000 рубљи, што се околу 115 евра, на секој бегалец кој ќе стигне од Донбас во Ростовската област.

Претходно, раководството на самопрогласената република Донбас, објави привремена евакуација на населението во руската Ростовска област поради опасност од напад на украинската војска.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Рускиот суд го прогласи Гугл за виновен за откривање податоци за убиени руски војници во Украина

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Сирски: Украинските сили ја спречуваат Русија да ја окупира граничната област на регионот Суми

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели