Кога повеќе луѓе во ист момент ќе тргнат на одмор во земја во која има 1,3 милијарди жители, може да се очекува поголем хаос, во кој понекогаш е неопходно да интервенира и полицијата.
Токму тоа се случи кога еден од најпопуларните национални паркови во Кина поради метежот, со помош на вооружена полиција, мораше да биде евакуиран.
Владата вети дека сотитици илјади туристи сепак ќе стигнат до своите дестинации, а користењето на полицијата го оправда со потребата да се сочува редот и гарантираше дека сите оние кои тргнале на одмор за време на т.н. „Златен викенд“ ќе уживаат.
Во средата глетките во заштитениот национален парт Жижајгоу во провинцијата Сечуан навистина изгледаа апокалиптично, кога десетици илјади кинески туристи се упатија кон паркот, кој е познат по своите преубави водопади и каскадни езера.
Поради ризикот оваа природа убавина да биде загрозена, откако наеднаш се појавија голем број туристи, влезот во паркот беше дозволен само во специјални кружни електрични автобуси.
Над 40 илјади туристи во еден момент направија ред од неколку километри, а некои одлучија работата да ја земат во свои раце, така што го блокираа патот се додека не им беше дозволено да влезат. Тоа доведе сите 400 автобуси да бидат заглавени во масата луѓе, така што мораше да интервенира вооружената полиција и да евакуира две илјади заглавени лица.
Паркот вообичано се затвора во седум часот навечер, но евакуацијата на заглавените туристи траеше се до десет часот.
Управата на паркот се извини поради непријатностите кои ги доживеале посетителите, но сепак нив ги обвини за предизвикувањето на овој хаос.
Повеќе од милион лица се упатија кон Западното Езеро во Хаџ, додека околу 175 илјади се собраа пред Забранетиот град во Пекинг.
За повеќето Кинези двата „Златни викенди“, едниот во октомври и еден за време на кинеската Нова година, се нивните единствени годишни одмори.