(ВИДЕО) Китаноски: Борче Јовчески ќе остане запаметен и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните

Од:

Освен по неспособноста да реализираат барем еден проект од изборната програма, четиригодишното владеење на ДПМНЕ и Борче Јовчески ќе остане запаметено и по расипничкото и неодговорно трошење на парите на граѓаните. Проблемот со исплатените огромни суми од страна на Општина Прилеп кон граѓани каснати од кучиња скитници, стана предмет на интерес не само на прилепската туку и на пошироката јавност, изјави на прес-конференција на Александар Китаноски, секретар на ОО СДСМ-Прилеп.

„Имено, фактот дека минатата година Општина Прилеп на 80 лица каснати од кучиња им исплатила 120.000 евра, ги подгрева сомнежите дека тука нешто „смрди“. Особено кога се знае дека само на едно лице Општината му исплатила фрапантни 20.000 евра!

Истовремено, жив срам и резил за Општина Прилеп на кој се смееше целата македонска јавност, беше објавениот документ со кој фирмата која го реконструирала Даночното одделение, од Општината бара дополнителни средства, меѓу кои и 20.000 денари за, цитирам: „преместување на бироа во тек на работа“.

Како и обично, и ова се направи молчешкум, без реакција на локалните власти. На сличен начин од јавноста беше скриен договорот со адвокатското друштво „Димитровски“ од Битола, кое за сума од 200.000 денари на Јовчески една година му даваше „правни совети“. Граѓаните останаа без одговор на прашањето: Зошто Јовчески и ДПМНЕ неразумно потрошија пари на прилепските даночни обврзници за битолско адвокатско друштво во сопственост на функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кога во општинската администрација работат десетина дипломирани правници? Истовремено, не треба да заборавиме дека само заради реакцијата на Општинската организација на СДСМ и притисокот на јавноста, спречено беше ново расфрлање со парите на граѓаните, преку набавка на луксузен службен автомобил за градоначалникот Јовчески по цена од 65.000 евра.

Конечно, ќе потсетиме дека паралелно со 40-месечното расипништво на ДПМНЕ и Борче Јовчески, Општина Прилеп го покачи данокот на имот, дека поскапеа водата, комуналните услуги, паркингот и градскиот превоз. Единствено добро во сето ова, е што до крајот на нивното владеење останаа само 8 месеци, изјави Китаноски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?