ВИДЕО: Кинески акробат преживеа пад во провалија, момент за инфаркт

Од:

Кинескиот акробат Дава Жи преживеа пад откако се лизна додека со заврзани очи одеше по јаже.

Гледајќи како оди наназад по 700 метри долгото јаже, гледачите останаа во шок кога пред крај на точката акробатот изгуби рамнотежа и падна во 200 метри длабоката провалија.

Дава одејќи по јажето немаше никакви сигурносни појаси туку само 6 метри долг стап со кој одржуваше рамнотежа.

Падна 40 метри пред крајот на јажето, а до тоа место одел 50 минути со заврзани очи. Подоцна акробатот тврдел дека имал вртоглавица, а имало и ветер во тие моменти. За среќа претрпел само мали повреди.

Би можело да ве интересира

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Кина му одговори на Трамп: Ние сме подготвени да се бориме до крај

Кина воведува царини за Канада

Шаје: Згрозен сум од тоа како Трамп се однесува кон сојузниците во Европа

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

ВИДЕО: Трамп воведе нови царини за Канада и Кина,Трудо и Џипинг веднаш возвратија

Катерина Ѓуровски