(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили

Од:

Поројните дождови предизвикаа сериозни поплави во североисточниот шпански регион Каталонија, оставајќи десетици луѓе заробени во своите автомобили, потврдија официјални лица. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледаат порои од каллива вода како се излеваат низ улиците на градовите Ла Рапита и Санта Барбара во покраината Тарагона, носејќи автомобили, контејнери и други предмети. Националната метеоролошка агенција на Шпанија, AEMET, прогласи највисоко ниво на тревога во крајбрежниот регион поради обилните дождови и можноста за понатамошни поплави. Засега нема извештаи за смртни случаи или повредени.

Каталонската агенција за цивилна заштита ги повика жителите на делтата на реката Ебро да не ги напуштаат своите домови, откако AEMET предупреди дека во следните 12 часа може да наврнат до 180 милиметри дожд, јавува Би-Би-Си.

Транспортот е исто така сериозно погоден. Железничкиот сообраќај помеѓу Барселона и Валенсија, долж медитеранскиот коридор, е прекинат поради поплавените пруги и патишта. Силните дождови и поплавите ги погодија и другите делови од југоисточна Шпанија во последните денови, вклучувајќи ги и Балеарските Острови, каде што локалните власти пријавија голема материјална штета.

Според метеоролозите, лошите временски услови се предизвикани од бурата Алис, која се формираше над западниот Медитеран и донесе екстремни количини на врнежи и силни ветрови.

Би можело да ве интересира

Шпанија: Еден специјалец е мртов, а на друг му е ампутирана ногата – настрадаа додека проверуваа сомнителен ранец

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија, за преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

ВИДЕО: Објавена снимка од разговор пред трагедијата, нереди во Мадрид

Шпанскиот контролен центар имаше 17 минути да го спречи судирот – никој не реагираше

А1он

Железничка несреќа во Шпанија: Најмалку 64 загинати, околу 80 се повредени

(ВИДЕО) Откриена e причината за трагедијата во Шпанија