(ВИДЕО) Како сценографија за хорор филм: Воздушна снимка покажува како изгледа уништениот Мариупол

Од:

Украинскиот новинар Илија Пономаренко на Твитер објави видео на кое се гледа како сега изгледа градот Мариупол. На видеото не се прикажани згради во кои е возможен живот, а сцената изгледа како снимка од хорор филм.

Една од најжестоките битки од почетокот на војната се водела токму за градот Мариупол каде што е лоцирана фабрика за челик Азовстал.

Овој град, кој Русите не успеаја да го освојат за време на претходната војна во 2014 година, преживеа брутален напад на самиот почеток на војната кога цел беше Драмскиот театар, каде што се наоѓаа цивили. Голем дел од инфраструктурата беше уништена за време на руските напади, вклучително и болници. Украинските власти објавија дека околу 90 отсто од зградите во Мариупол се оштетени или уништени.

Борбите за Азовстал траеја до крајот на мај. Се стравува дека во повеќемесечната битка за оваа „тврдина“ загинале над 20.000 цивили, додека според руските податоци се предале вкупно 2.939 украински војници.

Градот е под руска контрола од 17 мај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија рафинеријата на 800 километри на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски го повика Трамп да застане на страната на Украина: „Путин не се плаши од Европа“

Катерина Ѓуровски

Путин: Ги повлековме силите од областа Киев, иако знаевме дека можат да не измамат

Катерина Ѓуровски

Закани кон Орбан: Ќе има последици ако не поддржиш санкции за Русија

А1он

Киев ја спушта границата, во војна од 18 години

А1он

Дејвис: Русија не мора да преговара со никого

А1он