ВИДЕО: Како изгледаат изборите за руската Дума на окупираните територии во Украина

Од:

Во окупираниот дел на украинската Доњецка област, руските сили организираат предвремено гласање за Државната дума на Русија. Мобилни тимови на таканаречените изборни комисии ги посетуваат жителите во нивните домови, во придружба на вооружени припадници на руските окупациски сили.

Во регионот се воспоставени 633 таканаречени избирачки места. Мобилните тимови, придружувани од вооружени војници, ги посетуваат жителите според избирачките списоци.

Русија годинава првпат се обидува да ги вклучи жителите на окупираните делови од Доњецката, Луганската, Запорошката и Херсонската област во изборите за Државната дума, за што на овие територии се формирани таканаречени изборни единици.

Гласањето за рускиот воен персонал распоредeн во близина на фронтот е организирано од 30 август.

Би можело да ве интересира

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Русија го напдна Киев со ракети и дронови, двајца мртви

Русија тестира необична одбрана од украински дронови: Балони треба да ги соборуваат од небо

Предраг Петровиќ

Русите продолжуваат со нападите врз украинските мостови

Над половина од руските нафтени капацитети се надвор од погон, тврди Украина