(ВИДЕО) Кадиров збесна дека мајка му е под санкции: Треба да се разбие оваа американска гнасотија

Од:

Откако мајката на чеченскиот лидер беше ставена на листата со санкции на САД, Рамзан Кадиров упати директни закани до Американците и НАТО алијансата во најновото видео објавено на Телеграм.

Видеото на Твитер го сподели заменик министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко, додавајќи на видеото и превод на англиски јазик.

„Отстранете ги брзо санкциите. Нема да ви простам што и наметнавте санкции на мајка ми. Ќе направам се! се наведува во снимката.

„Ова само ни ги одврзува рацете. Ако државите сами си ги легализираа таквите криминални методи, тогаш нема да бидеме ограничени со никакви граници. Грузија, Украина – сето тоа се американски проекти во постсоветскиот простор, а да не зборуваме за други конфликти низ светот, почнати од фиктивни причини.

Ќе продолжиме да им го кршиме грбот на украинско-НАТО бандите. Можеме да одиме дури и до Елба, како што некогаш направи Висаитов во војната против нацистите. На Стејт департментот му е премногу удобно да го турка украинскиот народ кон смрт и да се крие зад мирна демократија. Неопходно е да се разбие оваа американска гнасотија“, рече Кадиров, според Герашченко.

Би можело да ве интересира

Повторно судир на САД и Украина: Зеленски не ја повлекува резолуцијата од ОН

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

Ќе има проблем, Зеленски повторно не го потпишува договорот за минералите

Предраг Петровиќ

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Путин за моќното оружје: Температурата на боевата глава е иста како температурата на површината на Сонцето

Предраг Петровиќ

Мусаев: Со кодно име – „Краснов“, Трамп е руски шпион

Предраг Петровиќ