ВИДЕО: Јункер „ја протресе“ косата на жена пред влезот на ЕК

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер е снимен како „ја протресува“ косата на една жена на влезот на седиштето на ЕК во Брисел и очигледно ја засрами.

Во тој период шефовите на државите и премиерите доаѓаа во седиштето на продолжението на Самитот.

Јункер неодамна изненадно ја напушти конференцијата за новинари во Брисел, а се шпекулираше дека тоа можеби го направил поради чевлите што ги носел, а биле во различна боја.

На сличен начин привлече внимание и пред неколку месеци за време на свечена вечера на лидерите на НАТО кога изгуби рамнотежа неколку пати, одеше нестабилно, а медиумите објавија и снимка на која се гледа како се тетерави, при што претседателите на Франција и Украина мораа да му помогнат да остане на нозе.

Веднаш потоа се појави фотографија на која се гледа како Јункер седи во инвалидска количка, а портпаролите на Комисијата изјавија дека станува збор за ишијас, кој му предизвикува пречки во движењето и му создава болки во грбот и нозете.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Европската Комисија предлага почеток на нов европски дигитален граничен систем

Горан Наумовски

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 отсто, наредната 3,1 отсто

Европската комисија објави нов план за зголемување на депортациите на илегални мигранти

Ана Ололовска

Јохансон: ЕК ќе предложи корупцијата да се перципира и казнува подеднакво во цела ЕУ

Ана Ололовска

Лајен предлага формирање на европско етичко тело

Ана Ололовска