ВИДЕО: Јапонските спасувачи во очајничка трка со времето

Од:

Илјадници спасувачи ја продолжија потрагата по преживеани по новогодишниот земјотрес во Јапонија, во кој загинаа најмалку 78 луѓе, надевајќи се дека ќе спасат што е можно повеќе во рокот од три дена за преживување што завршува попладнево.

Градоначалникот на тешко погодениот град Сузу, Масухиро Изумија синоќа изјави дека останува уште малку време и дека наскоро ќе се навршат 72 часа од земјотресот. „Мораме да ја собереме целата преостаната сила за да продолжиме со спасувачките напори“, додаде тој.

Според службите за итни случаи, стапките на преживување се намалуваат 72 часа по земјотресот. Отсечените патишта и оддалеченоста на најтешко погодените области ги отежнуваат напорите за спасување.

Речиси 600 последовни потреси го погодија полуостровот Ното, што ги зголеми стравувањата од лизгање на земјиштето и дополнителна штета на инфраструктурата. „Во споредба со другите катастрофи, ситуацијата на патиштата во Ваџима е многу лоша. Чувствувам дека е потребно подолго време од вообичаено за да пристигне помошта“, изјави здравствениот работник Шунсаку Кохрики за Ројтерс во градот Ваџима.

Тој додаде дека евакуираните најверојатно уште некое време ќе мора да живеат во навистина тешки услови. Целосниот обем на штетите и жртвите останува нејасен неколку дена по најсмртоносниот земјотрес во Јапонија од 2016 година. Градоначалникот Изумија изјави во Сузу дека можеби се уништени 90 отсто од куќите.

Сите загинати се пријавени во близина на епицентарот на земјотресот со јачина од 7,6 степени во префектурата Ишикава.

Повеќе од 33.000 луѓе се евакуирани од своите домови, околу 100.000 куќи се без водоснабдување, околу 30.000 домаќинства се без струја во Ишикава, а поврзувањето со мобилните услуги се уште е нестабилно во некои области.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија