ВИДЕО: Јапонија се прости од Шинзо Абе

Од:

Јапонија денеска со молитви, цвеќиња и знамиња завиткани во црни ленти се прости од Шинзо Абе, политичарот со најдолг мандат како премиер.

Долга колона луѓе се формираше пред централниот будистички храм во Токио, каде се одржа погребната церемонија.

Поворката со телото на Абе потоа ќе помине низ центарот на Токио, покрај зградата на парламентот каде што истакнатиот јапонски политичар за прв пат влезе како млад пратеник во 1993 година и зградата на владата од која ја водеше нацијата во два мандата како премиер.

Според Ројтерс, Абе ќе биде кремиран на приватна церемонија, на која ќе присуствуваат само членовите на семејството и блиските пријатели.

Осомничениот убиец, уапсен на местото на настанот и идентификуван од полицијата како 41-годишниот Тецуја Јамагами, верувал дека Абе и помагал на религиозна организација на која и донирала неговата мајка, објави новинската агенција Кјодо, повикувајќи се на истражните органи.

Јапонскиот огранок на Јужнокорејската црква за обединување вчера потврди дека мајката на осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер е припадничка на таа црква, но ги негираше тврдењата дека црквата од некого барала големи донации.

Би можело да ве интересира

Обвинение за убиецот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе

Горан Наумовски

Јапонија: Продолжена психијатриска евалуација на осомничениот за убиството на Абе

А1он

ВИДЕО: Јапонија на државен погреб се прости од Шинзо Абе

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести во Јапонија за време на државниот погреб на Шинзо Абе

Катерина Ѓуровски

Јапонија за државниот погреб на поранешниот премиер Абе ќе потроши 11,4 милиони долари

Абе ќе биде одликуван со Висок орден хризантема