Шеесет и осум тела на загинати се извлечени во Непал по урнувањето на патничкиот авион во градот Похара, соопштија аеродромските власти.
Полицијата соопшти дека досега не пронашла преживеани откако авионот на „Јети ерлајнс“ се урна неколку минути пред слетувањето на аеродромот во Похара. Во него имало 68 патници и четворица членови на екипажот.
नेपाल में बड़ा विमान हादसा
काठमांडू से पोखरा जा रहा यति एयरलाइंस का एक विमान क्रैश
विमान में 68 यात्री 4 क्रू मेंबर सवार थे #Nepal #kathmandu pic.twitter.com/yC7iKXEPKE
— Ayush Mishra 🇮🇳 (@MAyush2204) January 15, 2023
Авионот, кој летал од главниот град Катманду кон Похара, изгубил контрола и паднал во клисура. Пилотот го насочил авионот кон брдото за да избегне пад во населено место.
Стотици спасувачи го пребаруваат ридот каде што се урна двомоторниот авион. Портпаролот на непалската управа за цивилно воздухопловство изјави дека временските услови биле добри во моментот на несреќата.
Денешната несреќа е најтешката несреќа во Непал од 2018 година, кога авион на американската „Бангла ерлајнс“ се урна при слетувањето на меѓународниот аеродром во Катманду. Тогаш загинаа 51 од 71 патник во авионот.