ВИДЕО: Израелските затворенички му се заблагодарија на Хамас за добриот третман

Од:

Четирите припаднички на израелската армија кои беа држени во Газа 15 месеци им се заблагодарија на членовите на Хамас за нивниот добар третман во видеото објавено од палестинската група.

„Благодариме на бригадите Ал-Касам за добриот третман, ви благодариме за храната и облеката, им благодариме на младите луѓе кои не заштитија од бомбардирањето. Со Божја помош, ова ќе биде среќен ден и сите ќе бидеме добро “, изјавија затвореничките кои денеска беа ослободени.

Како и претходните затвореници, тие добија потврди за времето поминато во Газа.

Ова беше ослободување на заложниците според договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас.

Жените војници најпрво беа предадени на Црвениот крст на палестинскиот плоштад во градот Газа, а израелската војска ги презеде четирите жени.

Карина Ариев, Даниела Гилбоа, Наама Леви – сите 20 години и Лири Албаг (19) се приведени во Газа од 7 октомври 2023 година. Четири од нив беа меѓу седумте жени-војнички киднапирани од воената база Нахал Оз.

По ова ослободување, Израел ослободи 200 палестински затвореници.

Би можело да ве интересира

Нетанјаху: Израел не го прекрши договорот за прекин на огнот со Хамас

А1он

Терористички напад во Израел: Еден напаѓач пукал, друг бодел со нож

Горан Наумовски

Израел ја блокира целата хуманитарна помош за Газа

Израел се согласи со американскиот план за прекин на огнот во Газа за време на Рамазан

Армиска истрага: Хамас бил потценет од израелската армија

Хамас: Подготвени сме да преговараме со Израел за следната фаза од прекинот на огнот во Газа

Горан Наумовски