ВИДЕО: Израелски напади на болници во Газа

Од:

Хамас тврди дека Израел извршил воздушни напади врз или во близина на најмалку три болници рано утрово.

„Израелската окупација изврши симултани напади врз голем број болници во изминатите часови“, изјави портпаролот на Министерството за здравство во Газа, Ашраф ал-Кидра за телевизијата Ал Џезира. Нападите, наводно, ја вклучуваат и најголемата болница во Газа, Ал Шифа, каде што Израел рече дека Хамас има скриени командни центри и тунели. Хамас ги негира овие обвинувања.

Кидра рече дека Израел го нападнал дворот на медицинскиот комплекс во градот Газа и дека има жртви, но не наведе детали.

Израелските одбранбени сили допрва треба да ја коментираат изјавата на Кидра.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 160 медицински работници од Газа остануваат во израелските затвори

Хамас: Тврдењето на Израел за понижување на церемониите за предавање на заложниците е лага и изговор

А1он

Израел: Нема да ослободиме 620 палестински затвореници додека Хамас не ги исполни условите

А1он

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“