(ВИДЕО) Израелски антибалистички ракети по грешка експлодираа на воениот аеродром Неватим

Од:

Еден од системите за антибалистичка ракетна одбрана на аеродромот Неватим на израелските воздухопловни сили, поради дефект на ракетата што беше лансирана, оштети дел од аеродромот и потенцијално го уништи фрлачот.

За време на синоќешниот напад со балистички ракети врз Израел од страна на Иран, еден од системите за антибалистичка ракетна одбрана, за кој многу извори велат дека е Давидовата прачка, го погоди аеродромот Неватим со најмалку две ракети и го оштети фрлачот.

Ваквите дефекти се јавуваат главно поради преоптоварување за време на нападот во системот за размена на радарски податоци со фрлачите што испукуваат антибалистички ракети.

Истиот фрлач испука неколку ракети кон иранските балистички ракети, а по краток бараж, две ракети експлодираа по краток лет во непосредна близина на фрлачот што потенцијално беше оштетен.

Голем пожар по детонацијата на втората ракета што имаше дефект укажува дека е уништен објект или инсталација на земја, што ја прави оваа грешка уште поскапа.

Ракета од системот Давидова прачка, според отворените проценки, чини до еден милион американски долари по ракета.

Би можело да ве интересира

Министерството за здравство во Газа: Убиени се 70.100 лица од почетокот на војната

Хамнеи: Каде и да интервенира САД, резултатот е воинственост, геноцид, уништување и раселување

Израелски напад во јужниот дел на Сирија: Најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца

Горан Наумовски

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го погоди Иран

Хамас бара евакуација на неговите борци заробени во тунелите

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат изградба на алтернативни безбедни заедници за Газа