Израелски ракети истрелани од Средоземното море го погодија сириското пристаниште Латакија и предизвикаа пожар на контејнерскиот терминал, јавија сириските државни медиуми.
Ова е втор напад во декември.
Сириската новинска агенција САНА јави дека пожарот предизвикал голема штета и дека пожарникарите се бореле со пламените јазици речиси еден час.
Iranian terror regime targets have been hit in Latakia port, Syria ?? for the second time this month. Judging by the massive explosions, these are obviously not food containers. pic.twitter.com/doP3qX4lbW
— Avi Kaner ابراهيم אבי (@AviKaner) December 28, 2021
Нема информации за евентуални жртви од ракетните напади што ја активираа сириската воздушна одбрана.
Сличен напад се случи и на 7 декември кога израелски борбени авиони гаѓаа терминал со контејнери и предизвикаа пожар и експлозија.
Израелската армија не го коментираше последниот напад.
Израел изврши стотици воздушни напади врз цели во деловите на Сирија под контрола на владата во Дамаск за време на 10-годишната граѓанска војна и ретко презема одговорност за таквите операции.
Претходно цел на нападот беше аеродромот во сириската престолнина Дамаск.