ВИДЕО: Израел нападна училиште на ОН во Газа, 27 мртви

Од:

Израелската војска рано утринава ја презеде одговорноста за воздушен напад врз училиште на УНРВА во Појасот Газа, каде што, според израелците, „имало база на Хамас. „Воени авиони извршија прецизен напад врз базата Хамас лоцирана во внатрешноста на УНРВА училиште во регионот Нусеират“, се вели во соопштението на израелската војска.

„Терористите од Хамас и Исламскиот џихад кои припаѓаа на силите Нухба и кои учествуваа во смртоносниот напад врз заедниците во јужен Израел на 7 октомври оперираа во овој комплекс. Терористите ја насочуваа својата кампања на терор од областа на училиштето додека го експлоатираа и го користат како засолниште“, додаде израелската војска.

Сепак, Исмаил Ал-Тавабта, директор на владината канцеларија за медиуми, управувана од Хамас, ги отфрли израелските тврдења дека во училиштето се наоѓа командно место на Хамас, додавајќи дека најмалку 27 луѓе кои барале засолниште биле убиени.

„Окупаторот ја лаже јавноста преку лажни измислени приказни за да го оправда бруталното злосторство што го изврши врз десетици раселени луѓе“, изјави Тавабта за Ројтерс. Израелската војска тврди дека презела чекори за да го намали ризикот од цивилни жртви пред да нападнат борбените авиони. Израел додаде дека нема да има прекин на борбите за време на преговорите за прекин на огнот.

Вашингтон продолжува силно да притиска за договор. Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, се состана со високи катарски и египетски посредници во Доха во средата за да разговараат за предлогот за прекин на огнот.

По краткото примирје кое траеше една недела во ноември, сите обиди да се преговара за прекин на огнот пропаднаа. Хамас инсистираше на своето барање за траен прекин на конфликтот, додека Израел вели дека е подготвен да разговара само за привремено примирје додека милитантната група не биде поразена.

Би можело да ве интересира

Видео од куќата на Нетанјаху објавено по напад со беспилотно летало, не се знае како затаи одбраната

(ВИДЕО) Израелците го нападнаа либанскиот град Тир

Најмалку 16 загинати во нов израелски напад во Газа

Горан Наумовски

Израел потврди: Го убивме новиот лидер на Хезболах

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во бункер под болница, нема да ја гаѓаме

Катерина Ѓуровски

Два израелски напади на Бејрут, четири лица загинаа во нападот на Набатија