ВИДЕО: ИД објави снимка од уривањето на рускиот патнички авион

Од:

Исламска држава вечерва постираше видео на Јутјуб за кое тврди дека е уривањето на рускиот патнички авион со проектил.

На снимката за која нема засега потврда дека се работи за рускиот авион, ниту дали е монтажа, се гледа дека е испукана ракета при што се случува експлозија, а авионот во црн чад почнува да паѓа.

Во текот на денот руските власти изјавија дека не се работи за терористички напад, а црните кутии не укажуваа дека имало некаков проблем во авионот. Пилотите до пред падот, не пријавиле ништо во контролата на летот. Претходно, Исламска држава ја презеде одговорноста за уривањето на патничкиот авион.

Авионот падна во близина на местото кое што е контролирано од терористи кои припаѓаат на ИСИС, но според податоците, барем досега, терористите не располагаа со оружје со кое би можеле да урнат авион на толкава висина.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети