ВИДЕО: Исчезнале повеќе од 100 млади во Виетнам

Од:

Кинеската полиција го истражува исчезнувањето на 100 девојки од Виетнам, кои поради финансиски средства требало да се омажат за Кинези, пренесе весникот „Кина Дејли“.

Жените исчезнале во округот Хандан во покраината Хебеи, во близина на Пекинг, кон крајот на ноември, а едно официјално лице се сомнева дека нивното исчезнување е организирано.

Според наводите една Виетнамка која пред 20 години се омажила во Кина им ветила на мажите кои сакаат да се оженат дека ќе ги запознае со девојки од Виетнам.

-Доколку се сакаат, мажот може да плати одреден износ зависно од неговата и нејзина возраст и тогаш може да се венчаат- изјавила таа.

Неименувано официјално лице вели дека купувањето невести станало традиција во руралните подрачја во Кина.

Полицијата во Хандан, напоменува дека давањето меѓународни услуги за запознавање и стапување во брак е незаконско и може да се смета за трговија со луѓе.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

ВИДЕО: Одмазда на Кинезите, Трамп ја засилува трговската војна со сите

Кина не сака присилно раселување на Палестинците од Газа

Силен земјотрес во Кина

Во сила се царините на Трамп за Кина, експресен одговор на Пекинг

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он