Ураганот Ирма пристигна на Флорида носејќи силни ветрови и огромни количества на дожд. Центарот на ураганот го погоди јужниот дел од полуостровот, а метеоролозите предвидуваат дека најлошото допрва доаѓа.
Ураганот достигна категорија од четврти степен денеска ја погоди Флорида, при што предизвика поплави во Мајами.
Улиците на Мајами се полнат со вода, а меѓу поплавените се финасиската и станбена област Бриквел авенија, како и Еџвотер.
Претходно под ударот на ветровите се урна кран на висококатница во изградба.
This is what Miami Beach looked like Saturday night as the strong outer bands from Hurricane Irma moved onshore https://t.co/BD9zW0IikT pic.twitter.com/ddfNhGz2N7
— CNN (@CNN) September 10, 2017
Градските власти ги предупредија жителите дека се урнал кран на висококатница во изградба на булеварот 300 Бискејн и побараа од нив да ја избегнуваат таа област.
Ударите на ветрот во јужните делови на Флорида се од 160 до 215 километри на час, зависно од локацијата. Околу сто илјади лица одлучиле бурата да ја пречекаат во своите домови и во засолништата.
Extreme Wind !! #KeyWest #HurricaneIrma pic.twitter.com/F8KY31yu2L
— Mike Theiss (@MikeTheiss) September 10, 2017
Нивото на морето веќе е подигнато, а снимките од комбинацијата на силен ветер со дожд ги преплавија социјалните мрежи.
Just caught a tornado on Fort Lauderdale Beach #irma #tornado #hurricane #hurricane pic.twitter.com/0BbfGBygZg
— Gabriel Ben (@gabrielben) September 9, 2017
Како што јави денеска Еј-Би-Си Њуз, во првиот налет на Ирма на Флорида загинале најмалку три лица.