(ВИДЕО) Иран лансираше ракети кон американска база во Катар – експлозии се слушаат во Доха

Од:

Иран денеска лансираше повеќе ракети кон американските воени бази на Блискиот Исток како одмазда за нападот на САД врз иранските нуклеарни објекти во текот на викендот, потврдија за медиумите еден израелски и еден арапски функционер.

Според нивните извештаи, шест ракети се испалени кон Катар, додека една ракета била насочена кон Ирак, пишува Axios.

Снимките од експлозии од Доха, главниот град на Катар, се проширија на социјалните мрежи.

Граѓаните пријавија силни детонации и пресретнување на ракети над градот.

Како што објави „Фокс њуз“, американските разузнавачки служби проценуваат дека нападот врз нивната воена база во Катар е „неизбежна закана“, додека Пентагон сè уште официјално не ги објавил штетите и можните жртви.

Во меѓувреме, амбасадата на САД во Доха издаде итно предупредување до своите граѓани, повикувајќи ги веднаш да се засолнат.

„Како превентивна мерка, им советуваме на американските граѓани да се повлечат во најблиските засолништа и да останат таму до понатамошни инструкции“, се вели во официјалното соопштение на амбасадата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Американците нападнаа товарен број кај Иран

ВИДЕО: Масакр во Ријад, 12 мртви и над 300 повредени во напад на аеродром

Калибаф: „Оние што го следат Александар Велики ќе ја доживеат судбината на римскиот император Валеријан“

А1он

Официјална потврда: Спречен е „нов 11 септември“

(ВИДЕО) Трамп: Иран може да уништи град, Лос Анџелес или Сан Диего би биле мала цена

Катерина Ѓуровски

Иран ја повика Франција да ги почитува човековите права за време на ученичките протести и осуди прекумерна употреба на сила

Предраг Петровиќ