(ВИДЕО) Иран лансираше ракети кон американска база во Катар – експлозии се слушаат во Доха

Од:

Иран денеска лансираше повеќе ракети кон американските воени бази на Блискиот Исток како одмазда за нападот на САД врз иранските нуклеарни објекти во текот на викендот, потврдија за медиумите еден израелски и еден арапски функционер.

Според нивните извештаи, шест ракети се испалени кон Катар, додека една ракета била насочена кон Ирак, пишува Axios.

Снимките од експлозии од Доха, главниот град на Катар, се проширија на социјалните мрежи.

Граѓаните пријавија силни детонации и пресретнување на ракети над градот.

Како што објави „Фокс њуз“, американските разузнавачки служби проценуваат дека нападот врз нивната воена база во Катар е „неизбежна закана“, додека Пентагон сè уште официјално не ги објавил штетите и можните жртви.

Во меѓувреме, амбасадата на САД во Доха издаде итно предупредување до своите граѓани, повикувајќи ги веднаш да се засолнат.

„Како превентивна мерка, им советуваме на американските граѓани да се повлечат во најблиските засолништа и да останат таму до понатамошни инструкции“, се вели во официјалното соопштение на амбасадата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хемиска фабрика погодена во Израел, прогласен е „инцидент со опасни материи“

Смртта на ајатолахот Хамнеи може да ја промени нуклеарната доктрина на Иран

Тежок удар за САД: Иран уништи клучен авион AWACS

Иран: Подготвени сме за американските трупи, ќе ги запалиме

Иран се заканува со напади на американски и израелски универзитети во регионот

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пентагон се подготвува за повеќенедели копнени операции во Иран, пишува Вашингтон Пост