(ВИДЕО) Иран ги нападна американските бази во Ирак со десетици ракети

Од:

Иранската војска вечерва истрела проектили врз американските бази во Ирак во рамки на акцијата која може да се окарактеризира како најавена одмазда за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани,

Според иранската државна телевизија, Техеран лансирал десетици ракети земја-земја кон ирачката воздухопловна база Аин Асад во која се сместени американските трупи. Иран истрела ракети на два пати, првиот напад беше во 23 30 часот по средноевропско време, а потоа следуваше уште еден напад.

Американските официјални лица соопштија дека најмалку шест ракети паднале врз воената база. Нема податоци за штета и жртви, иако неофицијално се соопштува дека во нападот има десетина настрадани војници.

И портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам потврди дека имало напад.

-Свесни сме за извештаите за нападите врз американските сили во Ирак. Претседателот е известен за сите детали, ситуацијата се следи внимателно и во тек се консултации со тимовите за национална безбедност, рече таа.

Иранската државна телевизија објави дека оваа воена акција е наречена „Маченик Сулејмани“ и извести дека Иран наскоро ќе објави повеќе информации за нападот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија