ВИДЕО: Индонезиски рибари завршија на остров по бродолом, биле шест дена без храна

Од:

Единаесет индонезиски рибари завршија на мал остров во близина на австралискиот брег по бродолом. Тие беа спасени откако поминаа речиси една недела на островот Бедвел без храна. Австралиската управа за поморска безбедност соопшти дека рибарите со хеликоптер биле пренесени на безбедно во понеделникот.

Рибарите изјавија дека нивните два чамци биле погодени од силниот тропски циклон Илса минатата недела, при што потонал еден брод. Девет од 10-те членови на екипажот на потонатиот брод се уште се водат како исчезнати. Единствениот преживеан наводно бил во океанот со часови, држејќи се за канистерот, пред да биде забележан од рибари од друг брод, пишува Би-Би-Си.

Преживеаните рибари биле забележани од авион на австралиските погранични сили. Тие потоа биле пренесени во болница со спасувачки хеликоптер. Властите велат дека „сите се во добра здравствена состојба и покрај се што поминале“. Циклонот Илса, најсилната бура во регионот во последните 14 години, ја погоди Западна Австралија минатата недела; за среќа не предизвика преголеми штети во населените места.

Би можело да ве интересира

Австралија: Медицински работници тврдат дека убиваат израелски пациенти

Горан Наумовски

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме

Индонезија: Најмалку 19 загинати во лизгање на земјиште

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт