ВИДЕО: Индискиот пилот го влечеа како трофеј, за малку ќе го линчуваа

Од:

Објавени се нови снимки на кои е индискиот пилот кој е заробен од пакистанските војници откако го погодија неговиот авион.

Иако Пакистанците во првите извештаи тврдеа дека заробиле два индиски пилоти, портпаролот на пакистанските вооружени сили, генералот Асиф Гафур објави дека е уапсен само еден пилот, Абинанден Вартаман.

На Твитер се појавија неколку снимки на кои е прикажан пилотот Абинанден Вартаман. На едната тврди дека Пакистанците добро го третираат и дека е „импресиониран со војската на Пакистан“.

Иако портпаролот на пакистанската војска тврди дека со заробениот индиски пилот се постапува добро, на една од снимките кои кружат на Твитер може да се види како ивили кои го имаат фатено, го удираат со раце и нозе.

На снимката се гледа како индискиот пилот го влечат низ вода и го тепаат, а еден од корисниците на социјалната мрежа поарача дека Индиецот имал среќа и од сигурен линч го спасила пакистанската војска.

Но сепак се појавија и фотографии на кои се гледа како пакистанските војници парадираат по улиците со пилотот како со трофеј.

Би можело да ве интересира

Се урна зграда во Индија, двајца загинати, 12 спасени

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски