ВИДЕО: Има прогрес во преговорите со САД, вели Аракчи

Од:

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека разговорите со САД во Женева се меѓу најсериозните што Техеран ги водел досега, нагласувајќи дека Иран јасно ги изложил своите барања за укинување и ублажување на санкциите.

Според него, на средбите било разговарано и за нуклеарната програма, при што двете страни се согласиле дека се потребни дополнителни консултации со своите главни градови, јави Ројтерс.

Аракчи најави дека техничките разговори ќе продолжат во Виена од понеделник, додека нова рунда индиректни разговори меѓу Иран и САД се очекува во рок од една недела.

Новинарот на „Аксиос“, Барак Равид, повикувајќи се на неименуван американски функционер, оцени дека разговорите во Женева биле позитивни. „Нуклеарните разговори во Женева беа позитивни“, напиша тој на платформата X.

Сепак, „Аксиос“ претходно објави дека дел од претставниците на Белата куќа биле разочарани од пораките што ги добиле од иранската страна за време на средбите.

Ова е третата рунда индиректни разговори меѓу Иран и САД, одржана во Женева.

Според американски медиуми, Вашингтон побарал секој иден нуклеарен договор да важи на неодредено време, како и Иран да се откаже од своите залихи од околу 10.000 килограми збогатен ураниум.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багири, изјави дека Техеран е подготвен да ги продолжи разговорите „колку што е потребно“, додавајќи дека Иран настапува со целосна сериозност за да ги заштити своите национални интереси.

Тој нагласи дека разговорите се фокусирани на нуклеарното прашање и дека иранските ставови биле јасно пренесени, вклучително и преку посредство на Оман, особено во однос на укинувањето на санкциите и зачувувањето на нуклеарните права и интереси на земјата.

Би можело да ве интересира

Венс: САД имаат докази дека Иран се обидува да ја обновува својата нуклеарна програма

Конфликт меѓу Куба и САД: „Четворица агресори се убиени“

Горан Наумовски

Хезболах: Нема да се мешаме ако САД извршат „ограничен“ напад врз Иран

Ванс: Трамп претпочита дипломатско решение со Иран

Иран го предупреди Трамп да не донесува одлуки врз основа на лажни информации

Трамп е нервозен: Само јас одлучувам за напад врз Иран