ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

Од:

Четири лица се ранети во пукотница во Хаген, во западна Германија, а осомничениот сторител е во бегство, соопшти полицијата.

Според германските медиуми, осомничен е Мехмет О. (34) кој пукал во глава на својата бремена сопруга за чиј живот се борат лекарите.

Потоа отишол до фризерски салон каде испикал неколку куршуми со кои повредил уште три лица.

„Бев во шок кога разбрав што се случило. Не можам да објаснам зошто го направил тоа. Колку што знам, немаше никакви проблеми и беше мирен човек. Со сопругата имаат четири деца“, изјави негов роднина за германските медиуми.

Полицијата е во потрага по напаѓачот. Околната шума се пребарува од специјални полициски сили, кучиња трагачи, дронови и полициски хеликоптер.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД