ВИДЕО: И го грабна микрофонот на Грета Тунберг, не сакал да слуша за Палестина на климатски протест

Од:

Говорот на Грета Тунберг на големиот протест за климата во Амстердам вчера беше прекинат од маж кој упадна на бината. Човекот рече дека „дошол овде за демонстрации за климата, а не за политички ставови“ додека се обидувал да го одземе микрофонот од рацете на Грета Тунберг.

Непосредно пред инцидентот, од толпата се слушнаа извици „Палестина ќе биде слободна“. Претходно на собирот, организаторите го прекинаа говорот на една активистка откако таа ја употреби фразата „Од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Многу еврејски групи велат дека слоганот, користен на протестите ширум светот, е повик за уништување на Израел. Пропалестинските активисти тврдат дека повеќето луѓе кои го користат бараат да се стави крај на израелската окупација на Западниот Брег и блокадата на Газа, а не на елиминација на самиот Израел.

Откако човекот беше отстранет од бината, Тунберг се придружи на толпата во скандирањата: „Нема климатска правда во окупирана земја“.

Минатиот месец, шведската активистка за климата беше на удар на критики откако сподели пропалестински пораки на социјалните мрежи, при што некои ја обвинија дека не покажува поддршка за израелските жртви на нападите на Хамас.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Израелците на улици по нападите на Газа: Нетанјаху се спасува себе си

ВИДЕО: Прекин на примирјето во Газа, над 320 мртви во израелските напади

Катерина Ѓуровски

САД и Израел сакаат да ги преселат Палестинците од Газа во Африка

Хамас го поздрави „повлекувањето на Трамп од идејата за раселување на Палестиците од Газа“

Израел ја блокира целата хуманитарна помош за Газа