(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

Од:

Напаѓачот кој избоде маж во џамија во град на југот на Франција е идентификуван како Оливие Х, француски државјанин по потекло од БиХ, не e муслиман, соопштија властите.

Во петокот, на 25 април, Оливије Х. десетици пати избодел млад човек од Мали – Абубакар /23/, а сето тоа го снимил на телефонот, го испратил на колега и побегнал.

Напаѓачот се уште е во бегство. Тој е роден во 2004 година во Лион, Франција и добивал социјална помош, а бил познат по тоа што многу време поминувал играјќи видео игри, пишува „Паризиен“.

Нападот се случил во 8:30 часот во гратчето Гран-Комб, во близина на Монпеље во јужна Франција.

Според информациите од истрагата, напаѓачот не ја познавал жртвата и претходно немал проблеми со законот. За време на нападот ја снимал жртвата и упатувал исламофобични навреди, па истражителите не исклучуваат расистички или верски мотив.

Во моментот на нападот во џамијата биле само жртвата и напаѓачот. Откако првично се молел со него, напаѓачот ја избодел жртвата околу 50 пати пред да побегне.

Би можело да ве интересира

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Ле Пен: Крајната левица сака да го наруши демократскиот систем

Автомобил „рено 5“ од 1982 година пронајден по 43 години, со само 12 поминати километри

А1он

Франција го напаѓа Руте: Ја понижува Европа за да му се додворува на Трамп

Франција за тврдењето на Трамп: „ЛАЖНИ ВЕСТИ“

Баро: САД да престанат да ја уценуваат Данска за Гренланд