(ВИДЕО) Хезболах објави снимка од напад на израелски позиции и се закани: „Ова не е доволно“

Од:

Либанската група Хезболах повторно отвори оган врз израелските војници. Хезболах истрела ракети и гранати врз позиции на израелската армија. Новото видео објавено од либанска политичка партија и милитантна група го прикажува уништувањето на позиции на израелската армија. Може да се забележат и борци на Хезболах како учествуваат во жестока битка. На крајот од видеото се прикажува како се отвора капакот на ракетен фрлач по што се појавува порака: „Ова не е доволно“.

ИДФ соопшти дека четворица нејзини војници биле тешко ранети во нападите. На 3 ноември, генералниот секретар на Хезболах и лидер Хасан Насралах им се обрати на поддржувачите во Либан, велејќи дека неговата група ќе го зголеми воениот притисок врз Израел.

Тензиите се разгореа долж границата меѓу Израел и Либан во услови на повремена размена на оган меѓу израелските сили и Хезболах, во најсмртоносните судири откако двете страни влегоа во војна во 2006 година.

Насралах најави дека денеска повторно ќе и се обрати на јавноста.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62