Во Русија, кај градот Твер поради снежните врнежи се создаде колона долга 200 километри.
Илјадници автомобили и камиони се заглавени, некои повеќе од два дена поради снегот кој падна во регионот северозападно од Москва, пренесува Ројтерс.
Должината на колоната се менува од 40 до 200 километри. Министерството за вонредни ситуации тврди дека ситуацијата се нормализира.