Вечерва во Париз се случија неколку експлозии и престрелки во кои најмалку погинаа 60 луѓе, а десетици се повредени. Околу десет луѓе се земени како заложници во концертната сала Батаклан во Париз, каде се слушаат истрели. ББС јавува дека се работи за над 60 заложници, а еден напаѓач пукал со калашњиков во ресторан.
Луѓе кои избегаа од концертната сала тврдат дека насекаде има крв, но и над сто заложници. Бројот на жртвите постојано расте, полицијата е на улица, а несомнено се работи за терористички напади.
Експлозии се слушнаа и кај стадионот, а медиумите пренесуваат дека се работи за самоубиствени напади. Точен број на мртви и повредени се уште никој не соопштува, а францускиот претседател Фрасоа Оланд кој беше на фудбалски натпревар на стадионот помеѓу Франција и Германија, веднаш е евакуиран.
Како што се наведува експлозиите се од гранати, а Оланд веднаш по евакуацијата се сретнал со министерот за внатрешни работи.