(ВИДЕО) Хаос во Иран: Безбедносните сили ја опколиле џамијата

Од:

Демонстрантите протестираа во југоисточниот дел на Иран, а според извештаите објавени на социјалните мрежи, безбедносните сили опколиле џамија во Захедан.

„Се колнеме во крвта на нашите другари дека ќе бидеме силни до крај“, скандираа стотици демонстранти, што може да се види на видеото од Захедан објавено од активистичката агенција ХРАНА, пренесе Ројтерс.

На друго видео, безбедносните сили се гледаат како тепаат и апсат маж од Белучистан кој се обидувал да влезе во џамијата Маки во Захедан, главниот град на провинцијата Систан-Балучистан.

Низ Иран се одржуваат антивладини протести од септември минатата година, кога 22-годишната Иранка Махса Амини почина во притвор поради неправилно носење хиџаб.

На протестите во Захедан по смртта на Амина, на 30 септември, најмалку 66 лица загинаа во судирите со безбедносните сили, соопшти меѓународната организација за човекови права Амнести интернешенел.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он