ВИДЕО: Хаос во Денвер, голема снежна бура откажа над 2000 лета

Од:

Околу 2.000 летови се откажани викендов на меѓународниот аеродром во Денвер, поради големата снежна бура што го погоди регионот.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за бура, наведувајќи дека се очекува од Денвер до Болдер во американската држава Колорадо, од сабота попладне до недела навечер да паднат 46 до 61 сантиметар снег, а во подножјето на планината Фронт Ренџ и до 76 сантиметри.

Министерството за сообраќај во Колорадо предупреди на затворање на патишта и ги замоли луѓето да не тргнуваат на пат, освен ако е неопходно.

Портпаролот на меѓународниот аеродром во Денвер изјави дека вчера се откажани околу 750 летови, а денеска сите 1.250.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина