(ВИДЕО) Хаос над Каракас: Дронови на небото, одекнуваат експлозии

Од:

Жителите на Каракас објавија дека имало пукање во текот на ноќта во близина на претседателската палата Мирафлорес во главниот град на Венецуела.

Според достапните извештаи, неколку дронови прелетале над палатата, по што следувало пукање кое предизвикало паника кај граѓаните, објавија локалните медиуми.

Неколку извори изјавија дека министерствата и владините згради во центарот на Каракас се евакуирани, додека фирмите и продавниците во близина на местото на инцидентот се затворени поради вонредната состојба.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат цивили и семејства кои бегаат во засолниште, додека на небото може да се видат дронови кој кои пука воениот персонал на венецуелската влада.

Тенкови се распоредени на патиштата во близина на Мирафлорес, вклучувајќи ја и авенијата Урданета.

Пукањето, според извештаите, е снимено и во близина на Федералната законодавна палата, далеку од Мирафлорес, како одговор на дроновите кои, според прелиминарните информации, се обиделе да се приближат до седиштето на владата.

Засега нема официјални информации за инцидентот, ниту пак е познато каде е привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез.

Инцидентот се случи неколку часа откако Родригез положи заклетва за привремена претседателка на Венецуела.

Сведоци изјавија за медиумите дека на неколку локации во градот се слушнале истрели и експлозии и дека инцидентот траел од неколку минути до речиси еден час, почнувајќи околу 20 часот по локално време.

Би можело да ве интересира

САД: Иран со Ормутскиот теснец се обидува да изнуди отстапки за време на преговорите

„Хуриет“: Загубите на американската авијација пресуди за исходот од војната

Болат: НАТО не е обврзан да ѝ помогне на Америка во војна

Техеран поставува услови: Планот од 10 точки на Иран станува основа на мировните преговори

Хамнеи постави ултиматум

Техеран не сака прекин на огнот што би им овозможило на САД и Израел повторно да нападнат

Горан Наумовски