Демонстрант загина и 13 се повредени за време на вториот ден од протестите во Бејрут организирани поради корупција, проблеми во судството и неефикасност на Владата.
За време на судирите со демонстрантите полицијата употреби солзавец и гумени куршуми.
Еден демонстрант загина и 13 се повредени, наведуваат либански медиуми.
Ден по насилните протести премиерот на Либан, Тамам Салам навести дека најверојатно ќе поднесе оставка.