(ВИДЕО) Хајдаи: Руските трупи напредуваат кон Севернодоњецк

Од:

Руските трупи напредуваат кон градот Севернодоњецк, изјави денеска гувернерот на регионот Луганск, Сергеј Хајдаи.

Севернодоњецк, најголемиот град во областа Луганск во Донбас, е во фокусот на руските напади во источна Украина.

– За жал, имаме разочарувачки вести, непријателот напредува во градот, изјави Хајдаи за националната телевизија.

– Тој додаде дека соседниот град Лисичанск сè уште е под украинска контрола, додека главниот пат кон тие градови е гранатиран, но не и блокиран.

Откако не успеа да го освои главниот град Киев во раните фази на војната, Русија се обидува да ја консолидира својата контрола над Донбас, од кој голем дел е веќе под контрола на проруските сепаратисти.

– Тие (руската армија) постојано ја користат истата тактика. Гранатираат неколку часа – три, четири, пет часа по ред, а потоа напаѓаат. Потоа следува гранатирање и уште еден напад, и така натаму додека не пробијат некаде, изјави Хајдаи.

Би можело да ве интересира

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк

Русите ја зазедоа Михаиловка

(ВИДЕО) Зеленски: Голема битка за Курск, ситуацијата во Доњецк и Запорожје е тешка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски