(ВИДЕО) Грузија избира претседател, протестите не запираат

Од:

Грузискиот парламент ја почна процедурата за избор на претседател на земјата од страна на изборен колегиум составен од 300 пратеници, членови на врховните совети на автономните провинции Аџара и Абхазија и претставници на локалните администрации.


Владејачката партија Грузиски сон го предложи пратеникот Михаил Кавелашвили за единствен кандидат за шеф на државата.

Изборите ги спроведува Централната изборна комисија на Грузија.

На почетокот на седницата, претседателот на ЦИК, Ѓорѓи Каландаришвили, на гласачите детално им ја објасни постапката за избор на претседател, пренесува Интерфакс.

Полицијата од утрово е распоредена во парламентот, а на неколку стотини метри на плоштадот Слобода има полициски специјалци и водени топови, наведува агенцијата.

Учесниците на протестот, кој трае веќе 16 дена и кој уследи по одлуката на премиерот Иракли Кобахиџе да ги прекине преговорите за членство во ЕУ, се собраа во мали групи во близина на парламентот, а засега се се одвива мирно, соопшти агенцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Илјадници протестираа во Истанбул поради апсењето на градоначалникот Имамоглу

Џонатан Мур за протестот во Белград: Снимката што ја видов не докажува употреба на звучен топ

Две млади момчиња паднале од ѕид во близина на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград

Студентите од големиот протест во Белград ги повикаа граѓаните да не се откажуваат од борбата за промени

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Нормално е да ја следиме состојбата во Србија, но не очекувам прелевање кај нас

Предраг Петровиќ