Видео снимката на Бразилката Роземер Насименто Силва, која загина само неколку минути пред свадбата, го обиколи светот.
Силва (32) од Сао Паоло сакала да го изненади сопругот и на нивната свадба да пристигне со хеликоптер.
Во хеликоптерот таа била со нејзиниот брат, фотографка, која била во шестиот месец од бременоста и пилотот, кога леталото неочекувано се урна.
За тоа време младоженецот со часови чекал пред олтарот незнаејќи што се случува само неколку километри подалеку.
Снимката е објавена на бразилскиот информативен сајт Г1 Офишал, а материјалите на користење ги добиле од полицијата.
Осумминутната снимка ја покажува атмосфера во хеликоптерот, но и неколку можни грешки кои ги направил пилотот Петерсон Пињеиро во последните минути. Во еден момент леталото тргнува да понира, а се слуша крик и удар од падот. Камерата и по падот продолжила да снима.
Причина за падот е удар на хеликоптерот во дрво поради лошата видливост, дождот и маглата.
Кога младоженецот дознал што се случило со неговата несудена сопруга, гласно извикал од болка и паднал во несвест.