(ВИДЕО) Граѓаните на ослободениот Херсон: Немаме ниту струја ниту вода, но не ни е грижа

Од:

Дописникот на Sky News Алекс Роси се наоѓа во центарот на ослободениот Херсон, каде што Украинците продолжуваат да го слават вчерашното влегување на украинските сили во градот кој речиси девет месеци беше под руска окупација. Тој разговараше со граѓани кои му рекоа дека иднината конечно е во нивни раце бидејќи повеќе не мора да се плашат дека Русите ќе ги убијат.

„Погледнете ги овие луѓе, погледнете ги во нивните очи. Тие дишат слободно за прв пат по осум месеци. Не можете да го опишете со зборови. Ние сме слободни“, изјави еден жител на Керсон за дописникот на Sky News, додавајќи: „Не мора повеќе да гледаме назад на улица или да се плашиме дека Русите ќе не убијат нас или нашите семејства“.

На прашањето што е следно во војната, тој рече: „Периодот на опоравување ќе биде долг, но мислам дека луѓето сега разбираат дека иднината е во нивни раце. Ќе мораме да ја градиме иднината со свои раце и подготвени сме. Чувствуваме одговорност за нашата земја и иднината. Мислам дека иднината е светла“.

„Чувствувам среќа. Чувствуваме слобода и не се плашиме. Немаме струја, немаме вода, но не ни е грижа затоа што нашите момци се на улица. Не се плашиме“ рече друг граѓанин на Херсон.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ