Градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат и неговиот телохранител го фатиле Палестинецот, кој со нож нападна Израелец во близина на градска куќа.
Тој соопшти дека бил во автомобилот кога неговото обезбедување го забележало „терористот“, кој бил вооружен со нож и дека тој и неговиот телохранител веднаш излегле од автомобилот и го држеле напаѓачот на нишан се додека не пристигнала полиција, пренесе „Асошиејтед прес“.
-Мојот телохранител и јас излеговме веднаш и заедно внимававме на терористот додека не пристигна полиција, а му помогнавме и на повредениот кој за среќа има полесна повреда- изјави градоначалникот. Израелската полиција потврдила дека градоначалникот бил на местото на нападот во кој 18-годишен Палестинец, нападнал 27-годишен Израелец.
Прелиминарната истрага покажа дека напаѓачот немал дозвола за престој во Израел.
Е. Г.