Италијанските градоначалници револтирани од фактот дека граѓаните не ги почитуваат мерките против коронавирусот, почнаа да објавуваат снимки за да ги вразумат.
-Мора да бидете дома, не смеете да бидете овде. Не ме гледај така, мораш да одиш дома, не е дозволено да си надвор. Ајде, викаше градоначалникот Антониот Декаро до граѓаните кои седеа покрај морето.
-Малку со нозете во море, дај остави не човек, се бунеа граѓаните.
Ајде дома, беше упорен Декаро, градоначалник на Бари.
Како што се гледа на снимата потерата ја продолжи долж брегот.
-Ама не е дозволено пинг понг, ајде дома, играјте плеј стејшн, продолжи тој со викање кон две момчиња кои играа пинг понг.
Снимката ја објави на социјалните мрежи за да влијае на луѓето да не излегуваат. Слични објави имаа и другите градоначалници.
-Никој да не излегува во Месина. Тоа е наредба и затоа внимавајте, им порача на граѓаните и Катено Де Лука.
-Па каде одиш со тие кучиња? Морате да биде дома. Луѓе умираат, дали вие тоа го разбирате, викаше очајно градоначалникот на Гуалдо, Масималијано Прескјути.
Сакате сите да се разболиме? Вие сте неодговорни идиоти, колосални идиоти, викаше Перскјути.
Слушам некои сакале да прават журка. Ќе ви пуштам полиција со фрлачи на пламен, им порача Винченцо де Лука од Кампанја.
Овие фризери што ви доаѓаат по дома, за кој ѓавол ви се тие? Кој ќе ве види? Ќе имате коронавирус повеќе од лак во косата, викаше очаен политичар.
-Видов еден како среќно џогира со видливо измореното куче. Му кажав дека ова не е филм, дека тој не е Вил Смит и да оди дома, кажа Џузепе Фаломата.
-Како ќе биде се во ред ако одите секој ден во продавница? Требате да одите еднаш во десет дена. Како да биде се во ред кога стоите во колана на бензинска пумпа. Па зошто во е бензин ако сте дома?