(ВИДЕО) Големи протести во Кина поради мерките против Ковид: „Укинете го локдаунот“

Од:

Протести против строгите рестриктивни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19 избувнаа во неколку кинески градови, вклучително и во финансискиот центар Шангај, речиси три години од почетокот на пандемијата.

Новиот бран на незадоволство беше поттикнат од пожарот што во четвртокот избувна во зграда во главниот град Урумчи во регионот Ксинџијанг, при што загинаа десет лица.

Гневот на јавноста беше предизвикан од сомневањата кои почнаа да се шират меѓу корисниците на Интернет, дека станарите на зградата не можеле навреме да избегаат бидејќи зградата е делумно затворена, што градските власти го отфрлија.

Жителите на Шангај, најнаселен кинески град и финансиски центар, се собраа во саботата вечерта на улицата Вулумуки, именувана по Урумчи, на бдеење што се претвори во протест рано наутро во неделата.

Додека поголема група полицајци ги чуваше, насобраните демонстранти држаа празни листови хартија, симбол на демонстрантите против цензурата. После тоа, како што е прикажано на видео објавено на социјалните мрежи, тие почнале да викаат: „Отстранете го заклучувањето во Урумчи, укинете го заклучувањето во Ксинџијанг, укинете го заклучувањето во цела Кина!“

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

Кина: Не учествуваме во управувањето со Панамскиот канал

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

Кинескиот потпретседател Хан Женг ќе присуствува на инаугурацијата на Трамп

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бројот на загинати во земјотресот во Тибет се искачи на 126

Горан Наумовски

Кинеска вселенска ракета експлодираше откако беше лансирана

Горан Наумовски