ВИДЕО: Големи протести поради мерките за штедење во Лондон, Белфаст и Глазгов

Од:

Повеќе десетина илјади луѓе протестираа во Лондон, Белфаст и Глазгов против владините мерки за штедење, чија цел е намалување на државниот долг.

Синдикати, антивоени организации, лево-ориентирани политичари и други активисти им се приклучија на демонстрантите за да го искажат незадоволството поради намалувањето на трошоците во јавниот сектор, за да како што велат официјалните лица, се намали долгот кој надминал 1.000 милијарди фунти (1.700 милијарди долари).

Со програмата за штедење постигнати се мали успеси, како незначителното намалување на буџетскиот дефицит, но економски пад е забележан во три последователни квартали.

„Владата го отежнува животот на милиони граѓани со намалување на платите на работниците, а на богатите им го смалува данокот“, вели Брендан Барбер од Конгресот на синдикатите, и додаде дека пораката од денешниот протест е дека штедењето едноставно не дава резултати.

Лидерот на Лабуристичката партија Ед Милибанд им се обрати на собраните во Хајд парк, каде што ја доби поддршката во критиките на „самопоразувачкото штедење“.

BBC јави дека поединци демонстранти, надвор од подрачјето каде што се одржуваше протестот, се обиделе да предизвикаат нереди.

Слични протести беа одржани и во Белфаст и Глазгов.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство