(ВИДЕО) Големи поплави го погодија Њујорк: Блокиран сообраќај, улици претворени во реки

Од:

Опасни по живот поплави, предизвикани од дождот кој непрекинато паѓаше во текот на ноќта, денеска го погодија Њујорк.

Поплавите предизвикаа тотален хаос во култниот град, поплавени се и станиците на метрото. Звукот на сирените одекнува цело утро додека службите за итни случаи работат на теренот.

Предупредувањето за поплави ќе важи за Менхетен, Бруклин и Квинс до 12:30 часот по локално време. Во регионот веќе наврнаа два до седум сантиметри дожд, а обилните врнежи ќе продолжат и во текот на вечерта.

Многу од градските метро станици, улици и автопати беа поплавени, додека најмалку еден терминал на аеродромот Ла Гвардија беше затворен во петокот.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, рече дека бурата е „опасна“ и „опасна по живот“. Таа, исто така, ги предупреди луѓето да останат на безбедни места во Њујорк, Лонг Ајленд и долината Хадсон поради екстремните врнежи низ регионот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прва жртва од невремето кое ја зафати Италија

Почина брачна двојка: Спасувачите ги затекнаа прегрнати

Предраг Петровиќ

Почина бремена жена, врз неа падна дрво, најмалку 20 настрадани во поплавите во Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Исповед на Мухамед од Јабланица: Син ми одеше зад мене, наеднаш го однесе водата

Предраг Петровиќ

Најмалку 18 загинати и 40 исчезнати во БиХ, министерот: Страв и ужас

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драматична снимка од БиХ: Маж заглавен пред неговата куќа, спасувачите му фрлаат јаже